25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Ford Focus „ги гледа“ дупките на патот! (видео)

Новиот Ford Focus „ги гледа“ дупките на патот! (видео)

„Ford“ во текот на пролетта ја претстави четвртата генерација на „Focus“ која ќе започне да се нуди на европските пазари подоцна во ова лето. Овие денови стана познато дека автомобилот е опремен со технологијата за препознавање на дупките на патот, што досега ја имаа моделите „Mondeo“, „Galaxy“ и „S-MAX“.

Користејќи го новиот систем, возењето на „Ford Focus 4“ на лошите патишта ќе стане помеко и побезбедно. Тој ќе се нуди опционално и вклучува адаптивни амортизери и 12 сензори кои ќе можат да ги идентификуваат дупките на патот пред возилото да „налета“ на нив.

Кога ќе се открие дупка, системот го прави соодветниот шок апсорбер што е можно покрут, така што тркалото не влегува толку длабоко во него и го поминува со помалку удари. Првиот пазар за новата опција ќе биде Велика Британија, каде што ќе биде понуден за 650 фунти (740 евра).

Четвртата генерација на Ford Focus дебитираше во април. Автомобилот е изграден врз новата модуларна платформа „C2“ развиена од европските специјалисти на американската марка.

Палетата бензински мотори е претставена од 3-цилиндарскиот е 1-литарски „EcoBoost“ со моќност од 85, 100 и 125 КС, како и од 1,5-литарски 4-цилиндричен со моќност од 150 и 185 „коња“. Достапени се и дизел мотори „EcoBlue“ 1,5-литарски со моќност од 95 и 120 КС, како и со 2-литарскиот кој развива 150 „коњи“. Сите мотори работат заедно со 6-степен рачен и 8-степен автоматски менувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП