
Младата ѕвезда на Партизан Лазар Марковиќ ќе игра во Бенфика од следната сезона. 19-годишниот напаѓач, кој е проценет како најголемиот талент на српскиот фудбал ќе премине во редовите на „лисабонските орли” за сума од 10 милиони евра. Сепак нема сите пари да одат во касата на „гробарите“. Дел од правата на Марковиќ уште минатата година беа продадени на познатиот менаџер Пини Захави и сега тој ќе добие солиден процент од трансферната сума.

