27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota Camry се враќа во Европа по 14 години пауза

Toyota Camry се враќа во Европа по 14 години пауза

По 14-годишното отсуство, најпродаваниот седан од сегментот „D/E“ – „Toyota Camry“ – се враќа на пазарите во Западна Европа, објави јапонскиот производител.

Новиот „Camry“ ќе биде достапен на континентот како хибрид со полнење од електричната мрежа. Компанијата се уште не ги објави техничките карактеристики на автомобилот, но се знае дека 2.5-литарскиот 4-цилиндричен бензински мотор игра главна улога во погонската единица.

Се претпоставува дека единицата е слична на онаа што е достапна за новиот „Prius“. Самиот седан „Camry“ е изграден на новата модуларна платформа на „Toyota“ – „TNGA“, осмата генерација на моделот, која за првпат беше лансирана во 1992-ра година.

Во моментов, „Camry“ е достапен во повеќе од 100 земји во светот, со продажба над 19 милиони единици. Според експертите, влегувањето на пазарот во Западна Европа значи дека „Toyota“ се откажува од својот друг модел – „Avensis“ – нешто што беше кажано во текот на минатата година.

Продажбата на хибридот „Camry“ на Стариот континент започнува во првиот квартал од 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП