23 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОБез струја ќе останат корисниците од повеќе скопски општини

Без струја ќе останат корисниците од повеќе скопски општини

Некои од корисниците од неколку скопски општини денеска ќе останат без струја, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека за 22 јуни се планирани следните исклучувања во електросистемот: во периодот од 11 до 13.30 часот корисниците од дел од улицата Томе Арсовски во општина Кисела Вода, во периодот од 9 до 14.30 часот корисниците од дел од улиците Кузман Шапкарев и Беаз куле во општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 7.45 до 15.30 часот без струја ќе останат корисниците од населбата Бунарџик, новата населба Јака, Илинден, населбата Бела Земја во с. Марино и фирмите „Мај маркет“, „Гранд експорт“ и „Мак инвест“ во Марино во општина Илинден и во периодот од 9 до 14 часот корисниците од дел од улицата Јуриј Гагарин во општина Карпош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП