18 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2018: Нејмар: Тука сум поради фудбалот, а не поради фризурата

СП 2018: Нејмар: Тука сум поради фудбалот, а не поради фризурата

Нејмар нема намера да се менува и покрај критиките дека во последно време почесто ги менува фризурите отколку што постигнува голови.

Бразилската мегаѕвезда ги искористи социјалните мрежи за да сними спот со порака: „Јас сум она што сум и нема да се менувам“.

– Не стигнав дотука, бидејќи сум добро момче. Не стигнав дотука бидејќи се викам Нејмар или поради мојата фризура. Тука сум поради мојот фудбал. Штом фудбалот ме доведе, таму каде сум и ми овозможи да ги стекнам овие нешта, зошто да се менувам, вели Нејмар во видеото.

Критиката на Нејмар дојде по неговата бледа игра на првиот дуел од СП против Швајцарија (1:1). Досега, Нејмар промени повеќе стилови на косата од натпреварите одиграни на шампионатот.

Против Костарика утре напаѓачот ќе биде со нова фризура. Според информациите, Нејмар води со себе во Русија личен фризер, кој му прави екстравагантни фризури, но и кои му навлекоа голем потсмев на социјалните мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП