3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПасторе пред трансфер во Рома

Пасторе пред трансфер во Рома

Аргентинскиот фудбалер Хавиер Пасторе е на добар пат по седум години да се врати во Серија А. Пасторе, како што објави „Калчомеркато“, е блиску до трансфер во Рома.

ПСЖ од неговиот трансфер ќе заработи 29 милиони евра, а Аргентинецот во Рома ќе има годишна плата од четири милиони евра.

Пасторе ќе биде петтото засилување за „волчицата“ во актуелниот преоден рок. Претходно во Рим пристигнаа Брајан Кристанте, Анте Чориќ, Иван Маркано и Џастин Клајверт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП