19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2018: Шведска со почетна победа благодарение на ВАР-пенал (видео)

СП 2018: Шведска со почетна победа благодарение на ВАР-пенал (видео)

Шведска го почна мундијалот во Русија со минимална победа над Јужна Кореја од 1:0, со што ги зголемија шансите за пласман во втората рунда и во исто време поставија притисок над Германија, кои првиот меч вчера шокантно го загубија од инспирираните Мексиканци во групата Ф.

Корејците имаа подобар почеток на натпреварот доминирајќи во поседот на топката и правејќи шанси пред голот на „викинзите“. Меѓутоа, во првото полувреме најсериозната шанса ја имаа Швеѓаните кога во 20. минута Гранквист и Берг имаа одлична акција по која Берг упати фантастичен удар, но голманот Чо имаше уште поубава интервенција.

Во едно од најслабите полувремиња досега во Русија уште за одбележување беа неколкуте обиди за шанси што ги направи ѕвездата на Тотенхем, Сон.

Клучниот момент на мечот се случи во 61. минута од мечот кога Ким го собори Клаесон во шестнаесетникот, а салвадорскиот судија Агилар реши дека нема фаул.

Но, кога ВАР-тимот му соопшти дека треба да има разгледување на спорната ситуација, беше досуден пенал. Капитенот Андреас Гранквист беше сигурен од белата точка за водство на „викинзите“, кое ќе се покаже клучно. Иако одлуката беше апсолутно исправна и имаше фаул за пенал, малку чудно беше што судијата го прекина контранападот на Корејците, така што се поставува прашањето што доколку одлуката беше поинаква, а Кореја пропуштеше убава шанса.

Иако фудбалот не беше за воодушевување, двете репрезентации сигурно ќе бидат многу тежок противник за Германија и Мексико во групата што ќе носи голема неизвесност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП