3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРазочарува продажбата на Galaxy S4

Разочарува продажбата на Galaxy S4

South Korea Samsung Galaxy S4

Продажбата на паметните телефони „Galaxy S4“ кој моментално е најсилниот адут на компанијата Самсунг ќе донесе големи разочарувања, сметаат аналитичарите на компанијата „JPMorgan Chase & Co“.

„ Во споредба со моделот Ѕ3, Ѕ4 имаше силна продажба на почетокот по претставувањето. Меѓутоа во наредниот период забележа значително разочарувачки резултати кои се под првичните проценки“, се наведува во сооштението на компанијата „JPMorgan“.

Бројот на нарачки за „Galaxy S4“, кој е во продажба од минатиот месец, е во секојдневен пад.

Според првите проценки на компанијата „JPMorgan“ се очекуваше до крајот на годината да бидат продадени 80 милиони примероци од моделот Ѕ4. Меѓутоа најновите анализи покажаа дека таа бројка најверојатно ќе биде помала за дваесет милиони.

Официјалните информации кои доаѓаат од Самсунг говорат дека десет милиони уреди од овој модел биле продадени во првите 27 дена.

Од тогаш Самсунг претстави низа различни варијации на овој модел, меѓу кои најголемо внимание предизвика „Galaxy S4 Mini“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП