27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПродажбата на Galaxy S9 е рекодно ниска

Продажбата на Galaxy S9 е рекодно ниска

Продажбата на „Samsung Galaxy S9“ не ги задоволува очекувањата на компанијата, па дури има и изгледи за постигнување на историскиот минимум во наредните месеци. Информациите од корејскиот весник „Chosunilbo“ сугерираат дека приходите на „Samsung“ ќе страдаат во вториот квартал.

Аналитичарите проценуваат дека падот од 6% во профитот на компанијата е можен до 13,64 милијарди долари. Во текот на годината, продажбата на „Galaxy S9“ би можела да достигне само 30 милиони единици, што е најнизок резултат од „Galaxy S3“.

Стратегијата на „Samsung“ за зголемување на продажбата е порани премиери на уреди, но барем „Galaxy S9“ не помогна. Се очекува дека „Galaxy Note 9“, исто така, ќе се појави претходно во август. Сепак, очекувањата за новиот уред не се многу големи.

Ова се должи на очекуваниот недостаток на големи промени. Од друга страна, изгледа дека компанијата ќе биде сериозна за десеттата генерација на „Galaxy S“, која ќе биде објавена во 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП