6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2018: Рускиот селектор ја прекина прес-конференцијата за да му се јави...

СП 2018: Рускиот селектор ја прекина прес-конференцијата за да му се јави на Путин

Кога Владимир Путин ве бара, не смеете да го пропуштите повикот, а најнов доказ за ова беше прес-конференцијата по натпреварот меѓу Русија и Саудиска Арабија (5:0), кога селекторот на домаќините Станислав Черчесов мораше да одговори на телефонот.

Во еден момент рускиот стратег ја напушти прес-конференцијата за да направи исклучително важен повик.

– Ми се јави шефот на државата да ми честита и ми рече да ги пренесам неговите пофалби кон тимот, и да продолжиме да играме на овој начин, рече Черчесов.

Ова се зборовите кои тој одбра да ги сподели со медиумите, и покажа како Русите сериозно го сфаќаат шампионатот, а во прилог на ова беше и говорот на Путин, одржан на отворањето на 21-от шампионат на светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП