19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2018: Домаќинот Русија ја прегази Саудиска Арабија со 5:0

СП 2018: Домаќинот Русија ја прегази Саудиска Арабија со 5:0

Руската репрезентација со убедлива победа од 5:0 ја победи Саудиска Арабија на отворањето на светското првенство во фудбал, кое вечерва почна во Москва. Натпреварот се играше на московскиот стадион Лужники.

Уште во 12 минута Русите го отворија натпреварот со голот на Газински, кој со асистенцијата на Головин и со глава успеа да го надмудри голманот на Саудиска Арабија. Денис Черишев згоелми на 2:0 со прекрасен гол, кој го даде две минути пред крајот на првиот дел.

На 3:0 зголеми напаѓачот на Зенит, Дзјуба во 71. минута, а последните два гола на домаќините беа вистинско ремек дело. Најпрво Черишев во 91. минута со одличен удар зголеми на 4:0, а конечниот резултат го постави Головин со гол од слободен удар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП