11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2018: Салах ќе биде стартер против Уругвај

СП 2018: Салах ќе биде стартер против Уругвај

Селекторот на Египет, Ектор Купер потврди дека ѕвездата на тимот Мохамед Салах ќе игра во првиот нивни натпревар од групата А на Мундијалот против Уругвај. Двете екипи се соочуваат утре, на 15 јуни, од 14.00 часот во Екатеринбург.

Во последните недели крилото на Ливерпул се опоравува од повредата на рамото добиена за време на финалето во Лигата на Шампионите против Реал Мадрид. Иако првичните сомневања дека Салах може да го пропушти првиот натпревар на својот тим на Мундијалот, Купер изјави дека 25-годишниот напаѓач ќе започне како стартер.

Египќанецот минатото лето пристигна на „Енфилд“ од Рома и одигра неверојатна деби сезона за „црвените“. Салах постигна 44 гола во сите натпреварувања, 32 од нив во Премиер лигата, што се претвори во нов рекорд во дивизијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП