18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook бележи пад на интересот, но расте за другите платформи

Facebook бележи пад на интересот, но расте за другите платформи

Голем број луѓе се префрлаат од „Facebook“ на затворени форуми, како „WhatsApp“ за да расправаат за дневни вести, поради загриженост за приватноста, лажни вести и расправии, се вели во анкетата на Институтот за истражување на новинарство на „Reuters“.

Се намалува користењето на „Facebook“ особено меѓу младите кои преферираат „WhatsApp“, „Instagram“ и „Snapchat“. „Facebook“ и понатаму е најпопуларна социјална мрежа со 36 отсто користење минатата недела, но губи во трката со други апликации како „WhatsApp“, кој во четири години има тројно зголемен број корисници како извор на вести и сега е на 15 отсто.

Луѓето се чувствуваат подобро кога разговараат на затворени платформи особено во држави со поларизирани поделби, во кои е опасно отворено да се изрази политички став, како Малезија и Турција, се вели во студијата.

Само 23 отсто од 74.000 анкетирани во 37 држави изјавиле дека веруваат на вести на социјални медиуми. Испитаниците рекле дека вести често пронаоѓаат на „Facebook“ и „Twitter“, но, објавуваат во група на „WhatsApp“ заради разговори со помал број лица- пријатели.

Во врска со „Facebook“, најголема забелешка за таа мрежа е довербата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП