1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал го купи Бејл за 90 милиони?

Реал го купи Бејл за 90 милиони?

Gareth-Bale-1923878

Ѕвездата на Тотенхем Герет Бејл е нов  фудбалер на Реал Мадрид. Барем тоа го тврди лиценцираниот агент на ФИФА, Франсоа Галјардо. Според него трансферот веќе е договорен и дека шпанскиот гигант ќе плати фантастични 90 милиони евра за крилото на Тотенхем.

„Реал го купи Бејл за 90 милиони. Договорот беше финализиран уште пред неколку дена, но од Реал не го објавуваат бидејќи сакаат прво да назначат нов тренер. Информациите ми се од сигурен извор. Ве уверувам – Бејл е играч на Реал”, рекол Галјардо во етерот на „Radio Intereconomía Catalonia.

Герет Бејл е главната трансфер цел на кралскиот клуб. Минатата сезона Велшанецот постигна 21 гола во Премиер лигата и беше избран за играч на сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП