ПочетнаИНТЕРЕСНОРома го донесе Клајверт за 20 милиони евра

Рома го донесе Клајверт за 20 милиони евра

Талентираниот холандски фудбалер Џастин Клајверт од Ајакс се пресели во Рома. Клубот од Рим за 19-годишниот фудбалер ќе плати 20 милиони евра.

Тој е син на поранешниот играч на Ајакс и Барселона, Патрик. Џастин претпладнево допатувал во Рим, а во текот на денот ќе го потпише пет годишниот договор со Рома.

На аеродромот „Фјумичино“, талентираниот напаѓач го пречекаа околу 500 навивачи на Рома.

Клајверт, во март годинава, го имаше и своето деби за сениорската репрезентација на Холандија.

Инаку, крилниот напаѓач е четвртото засилување на Рома во актуелниот преоден рок. Претходно договори со „волчицата“ потпишаа: Брајан Кристанте (Аталанта), Анте Чориќ (Динамо Загреб) и Иван Маркано (Порто).

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП