7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2018: Аргентина и Бразил имаат шанса за хет-трик на листата најдобри...

СП 2018: Аргентина и Бразил имаат шанса за хет-трик на листата најдобри фудбалери на СП

На Светските фудбалски првенства почнувајќи од 1982 година се избира најдобар играч. На деветте Мундијали оттогаш Италија, Бразил и Аргентина по два пати го дадоа најдобриот, а по еднаш признанието му припадна на Германец, Уругваец и Французин.

Со оглед на тоа што италијанската репрезентација не е учесник на СП 2018 во Русија, шанса по трет пат да го имаат во своите редови најдобриот играч, имаат само Аргентина и Бразил.

Најдобри фудбалери на светските првенства – наградата се доделува од 1982 година:
1982 година Шпанија – Паоло Роси (Италија)
1986 година. Мексико – Диего Марадона (Аргентина)
1990 година Италија – Салваторе Скилачи (Италија)
1994 година САД – Ромарио (Бразил)
1998 година Франција – Роналдо (Бразил)
2002 година Јапонија / Јужна Кореја – Оливер Кан (Германија)
2006 година Германија – Зинедин Зидан (Франција)
2010 година Јужна Африка – Диего Форлан (Уругвај)
2014 година Бразил – Лионел Меси (Аргентина).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП