19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот LG ThinQ ќе има екран со 4K резолуција

Новиот LG ThinQ ќе има екран со 4K резолуција

Иако „LG“ неодамна во продажба го пушти својот смартфон „G7 ThinQ“, гласините за неговиот наследник во 2019-та, веќе почнаа да кружат на Интернет.

Нормално е дека се уште е рано да се говориза проверени информации за новиот „LG G8 ThinQ“, но најновите гласини пристигнуваа од прилично сигурен извор.

Па така, „Ice Universe“ тврди дека „G8 ThinQ“ зa 2019-та ќе има екран со 4К резолуција, и покрај тоа што не се очекува дека „LG“ ќе ги замени „LCD“ панелите со „OLED“ модели.

Новиот „4K“ дисплеј најверојатно ќе ја имплементира технологијата фокусирана за прикажување на „VR“ содржина. Меѓтуоа, постои можност дека приказната за воведување на 4К екрани само маркетинг стратегија на јужнокорејската компанија.

Oд „Samsung“ исто така се очекува кај следниот „Galaxy S10“ модел, да се примени 4К резолуција, со таа разлика што тука ќе бидат употребени „AMOLED“ панели.

Бидејќи до појавувањето на моделот „G8 ThinQ“ не дели уште најмалку една година, се уште е тешко да се потврди точноста на овие информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП