2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПо две децении легендарниот „месинџер“ заминува во историјата

По две децении легендарниот „месинџер“ заминува во историјата

Откако „AOL Instant Messenger“ беше згаснат на 15-ти декември минатата година, сега дојде ред истата судбина да ја има и легендарниот „Yahoo Messenger“, еден од првите оргинални „чет“ сервиси.

Згаснувањето на „Yahoo Messenger“ е планирано за 17-ти јули оваа година. А оние кои сакаат, својата „чет“ историја можат да ја превземат преку овој линк, во текот на следните шест месеци.

„Oath“, компанијата во сопственост на „Verizon“, која моментално управува со „Yahoo Messenger“, не објави никакви планови за тоа дали „месинџерот“ ќе биде заменет со нов, кој би можел да стане конкуренција на „WhatsApp“ или „Facebook Messenger“.

„Yahoo Messenger“ е лансиран на 9-ти март 1998-ма година, како „Yahoo Pager“, a потоа на 21-ви јуни 1999-та година го доби своето легендарно име. Тоа значи дека кога на 17-ти јули 2018-та, кога сервисот конечно ќе биде угасен, „Yahoo Messenger“ ќе има 20 години четири месеци и осум дена.

„Oath“ оваа можност ја искористи со цел сите корисници да ги потсети на „Yahoo Squirrel“, кој претставува апликација за размена на пораки базирана на системот повици, а која моментално се наоѓа во бета фаза.

За да може да се користи „Yahoo Squirrel“ потребно е барање (покана) за пристап. Останува прашањето колку време ќе мине додека и овој сервис за „четување“ не биде згаснат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП