ПочетнаИНТЕРЕСНОАлисон потврдил дека ќе ја напушти Рома

Алисон потврдил дека ќе ја напушти Рома

Покрај Раџа Наинголан, Рома во преодниот рок ќе ја напушти и голманот Алисон Бекер. Бразилецот е трансфер-цел на Ливерпул, Реал Мадрид и Челси.

„Искрено, навистина се надевам дека сè ќе биде решено до почетокот на Светското првенство. На моите застапници им оставив да ја донесат најдобрата одлука и да ги разрешат дилемите. Имаме неколку опции и со должна почит кон Рома сите ќе ги разгледаме“, рекол Алисон.

Првиот голман на бразилската репрезентација во Рома е од 2016 година. Тој во Рим пристигна од Интернасионал од Порто Алегре, чиј гол го бранеше во периодот од 2013 до 2016 година.

Алисон за Бразил бранел на 26 натпревари.