1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPagani Zonda Revolucion

Pagani Zonda Revolucion

pagani

„Pagani“ ја претстави ултимативната верзија на моделот „Zonda“ со ознаката „Zonda Revolucion“. Автомобилот е наменет исклучиво за возење по патеки и чини 2.2 милиони евра, а беше претставен на годинешниот меѓународен собир на клиентите на „Pagani“.

Во автомобилот е вграден шестлитарски „Mercedes AMG V12“ мотор кој произведува 800KS и 730Nm, што е зголемување за 50KS и 20Nm во однос на „Zondа R“. „Pagani“ се уште не ги објави податоците за перформансите на оваа специјална верзија, но се очекува „Zonda Revolucion“ да биде значително побрза од „Zonde R“ која забрзува од 0 до 100km/h за три секунди и достигнува максимална брзина од 375km/h.

pagani2

„Zonda Revolucion“ ги користи најновите карбон-титаниумски материјали, поради кои е полесен од „Zonde R“ за 34kg. Тоа значи дека „Zonda Revolucion“ е тежок само 1070kg.

„Revolucion“ располага со шестстепен секвенциален менувач кој ги менува степените на пренос за само 20 милисекунди. Во автомобилот е вграден систем за контрола на тракцијата со 12 нивоа, а е производство на компанијата „Bosch“. „Pagani“ го вгради и најновиот модел на сопирачки „Brembo“ кои се користат во Формула 1. Сопирачките сега се полесни за 15 проценти и се поотпорни на абење, а тука е и новиот „ABS“ систем.

pagani3

Покрај техничките унапредувања „Revolucion“ доби и некои аеродинамички подесувања на предниот браник и „DRS“ задно крило исто како во Ф1. Овој систем е активен при брзина поголема од 100km/h и може да работи во режими за високи или ниски брзини кои се менуваат со притискање на копче.

Најавено е дека ќе бидат направени само пет вакви автомобили, а веќе четири се продадени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП