6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБиди најгласниот осми играч на нашата ракометна репрезенатација

Биди најгласниот осми играч на нашата ракометна репрезенатација

Компанијата РЕХАУ како партнер на македонската ракометна репрезентација, во насока на подигнување на атмосферата пред бараж дуелот за пласман на СП Данска и Германија 2019, кој во недела ќе се одигра во СЦ Борис Трајковски во Скопје организира навивачко катче во функција на подготовка на фановите и обезбедување максимална поддршка на нашите најдобри ракометари. Поддршка која ќе биде и повеќе од потребна за остварување на целта – продолжување на настапите на големите смотри.

Биди најгласниот осми играч. Заедно со РЕХАУ биди дел од навивачкото срце кое чука во 7/8.

Нека продолжи приказната која оваа репрезентација една деценија во континуитет ја раскажува во Европа и светот.

Ве покануваме да го посетите нашето навивачко катче кое ќе биде поставено од 19.30 часот централно од главниот влез на ВИП Арената. Секој што ќе дојде ќе има можност на неговото лице да биде нацртано најубавото знаме на планетата, а ние за сите присутни ќе обезбедиме симболичен подарок.

Бараж натпреварот за пласман на СП Данска и Германија 2019 со репрезентацијата на Романија започнува во 20.30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП