28 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 01.09-02.09.2018

Викенд хороскоп 01.09-02.09.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Не се напрегајте непотребно, не се ангажирајте премногу, можно е да бидете разочарани кога ќе увидите дека тоа никој не го цени. Вашите претпоставени нема да имаат слух за вашите потреби, затоа нека не ве нервира тоа. Период во кој повеќе треба да се грижите за вас, отколку за работата.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Посветете му внимание на домот и семејството. Издвојте малку повеќе време и за себе. За да има успех, потребно е и да делувате. Со позитивна енергија, можете во се да успеете. Што и да правите за време на викендот, правете го умерено, стабилно и со самодоверба.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Викендот ќе ви помине во психички пресметки самите со себе. Ви се чини дека деновите само минуваат, а вие немате време ниту за било што важно во вашиот живот. Во се ќе морате да ја вметнете и љубовта. Веројатно нема да ви биде лесно на почетокот, но да бидете посреќни ќе мораат сите области да функционираат, па дури и оние кои ви се чинат помалку важни.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Викендот посветете го на одмор за потоа со напполнети батерии да можете да ги извршувате сите обврски кои ве очекуваат. Ќе му посветите доволно време на вашиот партнер, и поради тоа љубовта ќе ви биде возвратена. Во недела ќе добиете пријатно изненадување кое ќе го подобри вашето расположение.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе бидете малку фрустирани бидејќи тешкото работење не ви донело големи пари, барем не во посакуваната количина. Не дозволувајте тоа да влијае на вашата самодоверба. Искористете го потенцијалот во вас и променете ги работите на подобро. Искористете го викендот да соберете сила и мотивација за новата работна недела.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Потпрете се на пријателите во врска со проблемот кој ви се појавил. Нивната помош ќе ви биде од голема корист, односно ќе ви помогне да започнете да се движите во вистинскиот правец. Појавата на компликации не треба да ве загрижува, тоа е нормално при секое извршување на задачите. Не брзајте, намалете го темпото со цел да не направите грешки.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Стабилен и релаксирачки период во кој ќе пронајдете време за уживање. Ве очекува еден спокоен викенд. Обидете се да уживате во бавното темпо и можноста да се занимавате со работни и приватни обврски без притоа никој да ви се меша. Може да не напреднете многу, но сепак ќе постигнете внатрешен мир.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Викендот ќе ви помине вообичаено, беа големи планови и случувања. Скршнете од својот пат и разговарајте со личности надвор од вашиот друштвен круг. Тие ќе ви откријат гледишта кои досега не ви паднале на ум. Споделете со партнерот проблем во врската за кој е неопходно брзо решение. Отвореноста ќе резултира со компромис.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вашата романтична страна викендов ќе излезе во прв план. Што повеќе се посветите на тоа, толку повеќе ќе бидете среќни и задоволни со себе. Немојте само да заборавите секогаш да имате една нога цврсто на земјата. Бидете искрени и практични и нема да погрешите, вам љубовта ви е многу важен дел од животот без кој тешко функционирате.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Овој викенд ќе добиете идеја околу одење во странство или работа со странци. Еден помлад пријател, кој се наоѓа надвор од земјава, ќе ви вети помош. Но, треба да внимавате, затоа што такви одлуки не се донесуваат преку ноќ. Впрочем, брзите одлуки и инстинктивното реагирање не се дел од вашиот карактер, затоа седнете и добро размислете.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Релаксирачки и мирен викенд. Меркур и Венера ви испраќаат позитивна енергија. Имате можност да се докажете пред партнерот, но и пред членовите на семејството. Многу ве иритираат коментарите од околината за вашиот љубовен живот. Внимавајте на здравјето и проверете го видот.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Внимавајте да не загубите некои документи од работа кои се многу важни. Проверете ја нивната точност бидејќи тие ќе ви бидат од голема корист. Викендот за вас ќе биде релаксирачки откако обврските успешно ќе ги завршите. Не дозволувајте семејството да ве оптоварува со банални проблеми.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП