5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИInstagram подготвува место каде ќе се објавуваат подолги видеа

Instagram подготвува место каде ќе се објавуваат подолги видеа

„Instagram“ се подготвува да понуди место за објавување на подолги видео-содржини, потег со кој ќе стане конкурент на „YouTube“ и на „Snapchat Discover“, пишува „TechCrunch“.

Според неколку извори „Instagram“ ќе понуди одделен простор во кој ќе се објавуваат емисии, музички видеа и содржина со 4K резолуција. „Instagram“ се среќава со популарни во социјалните мрежи ѕвезди и со медиуми, за да открие како нивните видео канали на други места би работеле во апликацијата.

Истовремено собира партнери за почетокот на сето ова, кој е планиран за 20-ти јуни.

Публиката не треба да очекува оригинална содржина на ниво што го гледаме во „Netflix“ или „HBO“. Наместо тоа ќе видиме видео функција, која е слична со оние кои се создаваат специјално за „YouTube“. Тие често се со траење од пет и 15 минути, снимени се со убави камери и осветлување, но не се создадени од големи холивудски тимови.

Нормалните корисници исто така ќе можат да објавуваат подолги видеа надвор од тековната граница од 60 секунди.

„Instagram“ има намера евентуално да им овозможи на креаторите на содржини и на медиумите да заработат пари од подолгите видеа, иако не одлучила како точно ќе ги дели приходите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП