4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВашингтон слави, Кепитолс го освоија Стенли купот (видео)

Вашингтон слави, Кепитолс го освоија Стенли купот (видео)

Вашингтон Кепитолс прв пат во историјата ја освоија шампионската титула во северно-американската професионална хокеарска лига, НХЛ. Кепитолс, во финалето, ги совладаа Лас Вегас Најтс со вкупен резултат 4-1. Петтиот меч од серијата му припадна на Вашингтон со 4:3.

Кепитолс одиграа брилијантна серија и со исклучок на првиот меч, во кој беа целосно надиграни, на останатите четири натпревари беа подобриот тим. Голем успех постигна и Лас Вегас, бидејќи во својата прва сезона во НХЛ, успеа да го освои Западот и да влезе во борба за Стенли купот.

Во првата четвртина немаше голови, а во седмата минута од втората третина предност на Кепитолс им донесе Врана. Три минути подоцна израмни Шмид, а веќе во наредниот напад Овечкин ја врати предноста кај Вашингтон.

До крајот на оваа третина хокеарите на Лас Вегас направија пресврт, преку Перон и Смит.

Последната третина им припадна на гостите од Вашингтон, најпрвин Смит-Пели израмни на 3-3, а потоа Елер ги постави конечните 3:4.

МВП титулата му припадна на извонредниот руски репрезентативец Алексеј Овечкин. Тој во плеј-офот постигна 15 гола, нов рекорд на франшизата, а вкупното разигрување го заврши со 27 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП