18 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОва е најмалиот и најотпорниот смартфон досега (видео)

Ова е најмалиот и најотпорниот смартфон досега (видео)

Пред смартфоните да станат основни и широко достапни мобилни уреди, трендот подразбираше дека секоја следна генерација мобилни телефони ќе биде помала од претходната.

Кај многумина е присутна желбата да имаат мобилен телефон со комактни димензии и натаму е присутна, иако пазарните и технолошките трендови главно се спротивставуваат. Дека тоа и не мора да биде така го докажува паметниот телефон наречен „Unihertz Atom“.

„Atom“ е мал, особено отпорен „4G“ смартфон, со дијагонала на екранот од 2,45 инчи и резолуција од 240×432 пиксели.

Уредот има 4GB RAM меморија, задна камера од 16 и предна од 8 мегапиксели, „FM“ радио, „NFC“ можност за мобилно плаќање, „USB Type-C port“ за полнење на батеријата, сензор за отпечаток на прстот, како и влез за слушалки од 3,5 милиметри.

„Unihertz Atom“ го користи оперативниот систем „Android 8.1 Oreo“.

Телефонот има и странично копче кое може да се програмира за да ги стартува апликациите по желба на корисникот. Отпорен е на вода и прашина, според стандардот „IP68“.

Уредот на „Kickstarter“ се појави во мај минатата година. А дека популарноста на идеата, како и желбата на луѓето да имаат телефон со помали димензии говори и фактот дека за негово производство се собрани 10 пати повеќе пари од првичната сума.

„Unihertz Atom“ се продава по цена од 300 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП