7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКолегите го избраа Харден за МВП на сезоната (видео)

Колегите го избраа Харден за МВП на сезоната (видео)

Бекот на Хјустон Рокитс, Џејмс Харден, е избран за најкорисен играч во НБА-лигата во гласањето во кое учествувале кошаркарите. Како што соопшти синдикатот на НБА-кошаркарите, Харден е избран за МВП на сезоната, а истото признание тој го доби и во 2015-та година.

Популарниот Брада во регуларниот дел од сезоната имал просек од 30,4 поени, 8,8 асистенции и 5,4 скока од натпревар. Хјустон регуларниот дел го заврши како најдобар тим во лигата со 65 победи и 17 порази.

Сепак, Хјустон не успеа да се пласира во големото финале бидејќи не можеше да го совлада Голден Стејт Вориорс во финалето на Западот. Вориорс серијата против Хјустон ја доби со 4-3, иако Рокетси имаа водство во победи 3-2.

НБА-лигата на 25-ти јуни, на официјална церемонија, ќе го прогласи најкорисниот играч и ќе ги додели признанијата за најдобар дебитант (руки), дефанзивец, шести играч, играч што најмногу напредувал и тренер.

Во конкуренција за МВП на сезоната, покрај Џејмс Харден, се и Ентони Дејвис од Њу Орлеанс Пеликанс и Леброн Џејмс од Кливленд Кавалирс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП