21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП Русија: Манчестер сити и Реал со најмногу претставници

СП Русија: Манчестер сити и Реал со најмногу претставници

За настап на 21. Светско првенство пријавени се 736 фудбалери. Една третина од нив играат во Англија и Шпанија, а најмногу свои претставници на мундијалот имаат шампионите на Англија и Европа – Манчестер сити и Реал Мадрид.

Во Англија фудбалскиот леб го заработуваат 130 играчи, а 107 од нив не се Англичани. Во Шпанија настапуваат 81 фудбалер, а 64 не се Шпанци.

Од државите што не изборија пласман на мундијалот најмногу фудбалери играат во Италија (58) и Турција (22).

Најмногу свои претставници во Русија ќе има Манчестер сити (16), а потоа следува Реал (15). Зад нив се Барселона (14), Челси (12), Тотенхем (12), ПСЖ (12), Баерн (11), Јувентус (11), Манчестер јунајтед (11)…

Сите англиски репрезентативци играат во Англија, а само двајца Руси настапуваат надвор од својата земја.

Ниту еден репрезентативец на Сенегал и Шведска не настапува во својата држава, а само по еден играч од домашните првенства имаат Белгија, Исланд, Нигерија и Швајцарија.

Од пријавните 736 фудбалери, 200 веќе имаат учество на светско првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП