28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИталија и Холандија без победник во Торино (видео)

Италија и Холандија без победник во Торино (видео)

Италија и Холандија, несомнено двете најсилни фудбалски репрезентации кои не се квалификуваа на Светското првенство во Русија, одиграа пријателски меч на „Алијанц стадионот“ во Торино, кој заврши нерешено 1:1.

Селекторите Роберто Манчини и Роналд Куман имаат незавидна задача да ги „обноват“ своите репрезентации по „фијаското“ во квалификациите за Русија – Холандија не успеа да ја мине групата, додека Италија беше шокирана од Шведска во луд двомеч.

Симоне Заза донесе водство за „аѕурите“ во 67. минута од мечот по еден брз контра-напад, но Италија остана со играч помалку во 69. минута по црвениот картон кој го доби дефанзивецот на Зенит, Доменико Кришито. Натан Аке, 23-годишниот фудбалер на англискиот Бурнемаут, успеа да израмни во 88. минута од мечот на стадионот на Јувентус.

Марипан во финишот ги „реши“ Србите, Мароко со нова победа (видео)

Подготовките на Србија за Мундијалот во Русија продолжија со пријателскиот меч со Чиле во Грац, Австрија, во кој доживеаја незгоден пораз благодарение на голот на Гијермо Марипан во финишот на натпреварот.

Тимот на Милан Крстајиќ во Чиле имаше противник кој не е пласиран на Светското првенство во Русија, но е двократен шампион на Јужна Америка и Чилеанците беа подобри во поголемиот дел од мечот, со повеќе шанси пред голманот Владимир Стојковиќ.

Србите „експериментираа“ со составот и во стартните 11 имаше неколку играчи кои поретко добиваат шанса во националниот дрес. „Орлите“ можеа да се пофалат само со два обиди на Радоњиќ и Коларов во првото полувреме, како и двете можности пред противничкиот гол во второто полувреме инспирирани од одличниот Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Во вториот контролен меч, учесникот на СП, Мароко со 2:1 ја совлада репрезентацијата на Словачка во Женева, Швајцарија. Словаците први дојдоа во водство преку Јан Грегуш во 59. минута, пред африканската селекција да направи пресврт и со головите на Ел Каби и Белханда за само две минути (74. и 75. минута) да обезбеди охрабрувачка победа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП