2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW го покажа новиот Z4 на видео

BMW го покажа новиот Z4 на видео

Германскиот производител „BMW“ објави фотографии и официјално видео со кое се покажуваат спосоностите на новата генерација на роудстерот „Z4“. Снимениот автомобил е топ-верзијата, моделот – „M40i“ бидејќи баварците сметаат да ја пуштаат модификацијата „BMW Z4 M“.

Официјална информација за моторот на роудстерот во оваа опција не е објавена, но сепак е познато дека тоа ќе е нов мотор од линијата со 6 цилиндри. Според познавачите, моќноста на агрегатот ќе биде околу 385 КС.

Оваа верзија на машината ќе добие пакет „BMW M Performance“ кој вклучува спуштена спортска суспензија со амортизери со електронско управување, ново предно потпирање, алуминиумски тркала со гуми со различна големина на предната и задната оска, спортскиот систем за сопирање и блокада на задниот диференцијал со електронска контрола.

Слики од ентериерот на новиот „BMW Z4“ не беа прикажани, но се очекува тој да располага со новиот имиџ систем „iDrive“ со оперативен систем 7.0. Премиерата на роудстерот, кој е изграден на една платформа од обновениот модел „Toyota Supra“, треба да се прикаже до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП