21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер јунајтед плаќа 250 милиони евра за тројца фудбалери

Манчестер јунајтед плаќа 250 милиони евра за тројца фудбалери

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, не смее да си дозволи и наредната сезона да ја заврши без трофеј, бидејќи тогаш и неговата иднина на „Олд Трафорд“ ќе биде неизвесна.

Поради тоа Португалецот планира 250 милиони евра, за како што смета тој, да го склопи шампионскиот мозаик.

Манчестер јунајтед е заинтересиран за тројца фудбалери.

Според англиските медиуми Мурињо и Јунајтед веќе го договорите Бразилецот Фред од Шахтјор. За овој фудбалер „црвените ѓаволи“ ќе треба да платат 62 милиони евра.

Втор на листата е Италијанецот од ПСЖ, Марко Верати. Според шпекулациите Манчестер јунајтед веќе ги започнал преговорите со ПСЖ. Трансферот на Верати, доколку биде реализиран, би требало да изнесува 100 милиони евра.

Третото име на овој список, воедно би било и најголемото засилување за клубот. Станува збор за Герет Бејл, чија цена се движи помеѓу 100 и 110 милиони евра. Бејл е незадоволен од статусот во Реал, меѓутоа прашање е дали по заминувањето на Зинедин Зидан сега ќе го смени мислењето .

Велшанецот бара од Реал гаранции дека има обезбедено место во стартната постава, во спротивно подготвен е да замине од Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП