26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДетални фотографии од 6.5-инчниот iPhone (видео)

Детални фотографии од 6.5-инчниот iPhone (видео)

Откако погледнавме рендери од 6.1-инчниот „iPhone“ со „IPS LCD“ eкран, сега можеме да ги видиме и оние од 6.5-инчната верзија на телефонот кој се очекува наесен.

Тоа што знаеме, е дека 6.5-инчниот „iPhone“ пристигнува со „OLED“ панел и ќе биде почеток на новата „iPhone X Plus“ линија. Дизајнот со „заб“ на екранот и натаму е присутен, заедно со металната рамка, екран со тенка рамка и вертикално позициониран систем со две камери на задната страна.

Модулот на камери има многу мала испакнатост, слично на актуелниот „iPhone X“ модел, додека во „забот“ на екранот се сместени сите потребни сензори за „Face ID“ функција, заедно со звучник и предна камера. Најверојатно димензиите на телефонот се 157,5 x 77,4 x 7,7mm. Сензор за отпечаток на прстот повторно ќе нема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП