7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајочекуваниот премиум смартфон: Xiaomi го претстави Mi 8 (видео)

Најочекуваниот премиум смартфон: Xiaomi го претстави Mi 8 (видео)

„Xiaomi“ го претстави својот нов премиум телефон – „Mi 8“, првиот модел на оваа компанија кој има екран со „заб“, како и уште две негови верзии „Explore Edition“ и „SE“.

„Mi 8“ има 6,21-инчен „Super AMOLED Full HD+“ екран на „Samsung“ со резолуција од 2.248 x 1.080 пиксели, со „заб“ во кој е сместена „селфи“ камера од 20 MP. Задниот стаклен панел на уредот е заоблен на сите четири страни, а околу него се наоѓа алуминиумска рамка.

Уредот го доби процесорот „Qualcomm Snapdragon 845“ и две камери од 12 MP. Oва е првиот смартфон кој користи две „GPS“ фрекфенции, а како резултат на тоа има прецизни податоци за локациите.

„Mi 8“ има 6GB RAM, a ќе биде достапен во верзии со интерна меморија од 64, 128 и 256 GB. Смартфонот има батерија од 3.400 mAh, a е понуден во црна, сина, бела и златна боја.

Кинеската компанија го претстави и „Mi 8 Explorer Edition“, модел кој поседува сензор за отпечаток на прстот интегриран во екранот. „Xiaomi“ тврди дека „Explorer Edition“ е првиот мобилен телефон со „Android“ на светот кој користи „3D“ технологија за препознавање на лица.

На задната страна има проѕирен панел кој го открива хардверот. Овој смартфон доаѓа со 8GB RAM и 128 GB интерна меморија.

Третиот претставен уред е „Mi 8 SE“ – помала, побавна и поевтина верзија на моделот „Mi 8“ кој очиглено го има превземено името од евтиниот модел на „Apple“. Toа е првиот паметен телефон со целосно новиот процесор „Qualcomm Snapdragon 710“. „SE“ доби и 5,88-инчен „Super AMOLED“ eкран и батерија од 3.120 mAh.

Процесорот „Snapdragon 710“ е за 30 отсто поштедлив од „Snapdragon 660“. Покрај тоа, нуди и за 20 посто подобри перформанси. Поради тоа би требало „Mi 8 SE“ да биде многу успешен на кинескиот пазар.

„Xiaomi Mi 8“ ќе се продава по цена од 421 долари во Кина, „Explorer Edition“ oколу 577 долари, додека цената на моделот „SE“ ќе изнесува 281 долари.

„Mi 8“ ќе биде во Кина достапен од 5-ти јуни, „SE“ oд 8-ми јуни, а датумот за стартот на продажбата на моделот „Explorer Edition“ ќе биде дополнително објавен. А кога овие смартфони ќе се појават на останатите пазари и по кои цени, се уште не е познато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП