13 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПремиерата на Samsung Galaxy Note9 одложена за две недели

Премиерата на Samsung Galaxy Note9 одложена за две недели

Гласините кои се однесуваат за „Samsung Galaxy Note9“ сугерираа дека овој уред ќе пристигне порано од очекуваното.

„Galaxy Note8“ беше претставен во септември, а се очекуваше дека неговиот наследник ќе пристигне во средината на јули оваа година. Сепак, според информациите кои пристигнуваат од Кореја, премиерата на телефонот е поместена за две недели, а причината е промена на дизајнот во последен момент.

Претходно, потпретседателот на „Samsung“, Ли Џае-Јонг ја посети фабриката во Шенжен, со цел да тестира некои „Oppo“, „Xiaomi“ и „Vivo“ модели. Тој сакал да се увери како уредите на овие компании изгледаат во живо, а според информациите му се допаднало тоа што го видел. Како резултат на тоа, раководните лица во „Samsung“ одлучиле да направат мали промени во дизајнот со што ќе ја одложат премиерата на моделот „Galaxy Note9“ за околу две недели.

Тоа значи, дека наместо во јули, „Galaxy Note9“ ќе биде претставен некаде на почетокот на август.

Потпретседателот на „Samsung“ бараше намалување на дебелината на предното стакло за 0,5 милиметри, а со оглед на тоа дека „Galaxy Note9“ првично имаше стакло од дебелина од 1,5 mm, па оваа промена е многу значајна. Поради ова, одложувањето би можело да има врска и со имплементацијата на сезонорот за отпечаток на прстот на екранот, кој сите со нетрпение го очекуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП