4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШвајцарскиот суд му дозволи на Гереро да игра на Мундијалот

Швајцарскиот суд му дозволи на Гереро да игра на Мундијалот

Капитенот на Перу, Паоло Гереро, сепак, ќе може да настапи на Светското првенство во Русија откако швајцарскиот суд одлучи привремено да ја крене неговата суспензија за допингување додека ја разгледува жалбата за неговата 14-месечна суспензија.

„Како последица на одлуката, Паоло Гереро ќе може да настапи на Светското првенство“, се вели во соопштението на Швајцарскиот федерален трибунал.

Гереро, кој настапува за бразилскиот Фламенго, во октомври бил позитивен на кокаин, по што доби доби шестмесечна суспензија, меѓутоа Судот за арбитража во спортот (ЦАС) му определи 14-месечна суспензија на Гереро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП