6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle ќе намали работни места во ИТ секторот во Швајцарија

Nestle ќе намали работни места во ИТ секторот во Швајцарија

„Nestle“ планира да намали до 500 работни места во информатичката технологија во швајцарската централа. Ова се случува во време кога компанијата ја насочува работата до технолошки центар во Шпанија и на други места, соопшти компанијата, цитирана од „Ројтерс“.

Ниту една од производните единици нема да бидат погодени од плановите, објаснува компанијата.

Бизнисот со кафето „Nespresso“, исто така, планира да воспостави оперативни центри во Шпанија и Португалија за да ги искористат постоечките центри за снабдување и е-трговија на „Nestle“. Таа, исто така, планира да формира центар во Италија.

„Целта на „Nespresso“ е да им понудиме места во овие центри на сите 80 вработени погодени од предложената промена“, додаде компанијата, додавајќи дека тие се во прилог на 500-те од ИТ единицата во Швајцарија.

„Nestle “ вели дека останува ангажирана со својата база во Швајцарија, каде што имала 10.100 вработени во 2017-та година.

Овој месец, компанијата објави дека планира да ги комбинира своите истражувања со швајцарската единица за да го забрза развојот на нови производи во време кога конкуренцијата од помалите играчи станува се поголема.

Под притисок на инвеститорот активист Даниел Лоеб да се зголеми повратот, „Nestle“ внимателно ги следи своите трошоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП