10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕксшампионот Вавринка во аут, Ѓоковиќ со сигурен почеток

Ексшампионот Вавринка во аут, Ѓоковиќ со сигурен почеток

Поранешниот шампион од црвената земја во Париз, Стен Вавринка загуби во првото коло на Ролан Гарос, по поразот во пет сета од 6:2/3:6/4:6/7:6(5)/6:3 од Шпанецот Гијермо Гарсија-Лопез.

Швајцарецот, кој го крена Купот на мускетарите во 2015 година, водеше со 2:1 во сетови, но не успеа да го издржа темпото откако го загуби четвртиот сет во тај-брејк. Вавринка беше 23. носител во Париз, но се врати на тенисот по двете операции на коленото минатото лето.

Уште еден поранешен шампион, Новак Ѓоковиќ, немаше вакви проблеми и со 6:3/6:4/6:4 рутински го совлада Бразилецот Рожерио Дутра да Силва на стадионот „Филип Шартие“.

12-кратниот гренд слем шампион, кој имаше „нестабилен“ кам-бек на тенисот оваа година, сега игра со подобриот од дуелот на Давид Ферер и Хауме Мунар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП