7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБразилците ќе добијат по еден милион долари ако го освојат Мундијалот

Бразилците ќе добијат по еден милион долари ако го освојат Мундијалот

Фудбалерите на бразилската репрезентација ќе добијат по еден милион долари за победа на Светското првенство во Русија.

Оваа сума е пет пати поголема од онаа што членовите на тимот ја добија за титулата на турнирот во 2002 година.

Бразилската фудбалска конфедерација вети дека наградата во истиот износ ќе добијат и членови на стручниот штаб, ако „кариоките“ го освојат трофејот.

Светското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули.

Бразил е во групата Е заедно со Швајцарија, Костарика и Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП