Новиот смартфон „Samsung Galaxy J6“ е модел од средната класа, кој го краси „Infinity Display“. Тенките рамки и односот на страните 18,5:9 oбично може да се најдат кај премиум моделите на оваа компанија, но сега се имплементирани и на овој уред.
Телефонот има 5,6-инчен „Super AMOLED“ дисплеј со 1480 x 720p HD+ резолуција. Екранот, судејќи според рекламата која го најавува „Galaxy J6“ и која се фокусира токму на „Infinity Display“, е посветол и транспарентен.
Рекламното видено кое се нарекува „Live Colorful“, споредува екрани на два различни телефони, од кои еден од нив е токму неодамна претставениот „Samsung Galaxy J6“.
Телефонот го користи осумјадрениот чипсет „Exynos 7870“, со работен такт на 1.6GHz. Моделот пристигнува во две конфигурации: 3GB RAM/32GB простор за складирање на податоци и 4GB RAM/64GB простор за складирање.
Заднта камера има сензор од 13MP (f/1.9), додека предната има 8MP. Уредот користи батерија од 3.000mAh, a работи на оперативниот систем „Android 8.0“.
„Samsung Galaxy J6“, покрај сензорот за отпечаток на прстот, како и можноста за отклучување на уредот има и опција за препознавање на лицето.