5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМонпелје по 15 години се врати на европскиот ракометен трон

Монпелје по 15 години се врати на европскиот ракометен трон

Монпелје го наследи Вардар на европскиот ракометен трон. Во финалето на завршниот турнир, во Келн, во француското финале, Монпелје го победи Нант со 32:27.

Монпелје по 15 години повторно стана европски шампион. Од таа 2003 година во тимот се уште се тренерот Патрис Канаје и левото крило Мишел Гигу. Кирил Лазаров, не успеа со Нант, да стигне до својата втора титула во Лигата на шампионите. Лазров со шест гола беше најефикасен во својот тим.

Монпелје на патот до титулата ги елиминира Барселона, Фленсбург и Вардар. Во финалето блескаше голманот Жерар, кој само во првото полувреме имаше десет интервенции.

Токму Жерар, му овозможи на својот тим, во првото полувреме да стекне сигурност и со леснотија да ја одржува предноста од две или три гола. Сличен тек имаше и вториот дел, иако Нант преку Лие Хансен успеа да израмни во 35.минута.

Монпелје повторно ја врати предноста од три гола, која ја одржуваше до 53.минута. Нант израмни на 24:24, но Лазаров и тмот, немаа сили да му го зададат завршниот удар на својот противник.

Одговорот на Монпелје беше бритален, за само две минути ги казнни сите технички грешки на противникот и со серија 5:0 го решија прашањето околу конечниот победник.

Монпелје до титулата покрај голманот Жерар го предводеа Фабрегас со шест, односно Ричардсон, Кавтичник и Симоне со по четири гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП