2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛопетеги го продолжи договорот на уште две години

Лопетеги го продолжи договорот на уште две години

Хулен Лопетеги (51) го продолжи договорот со Фудбалскито сојуз на Шпанија. Лопетеги ќе остане селектор на Шпанија најмалку до 2020 година.

51-годишниот тренер функцијата ја презеде пред две години од Винсенте дел Боске и со него на кормилото „црвената фурија“ нема пораз. Шпанија на 18 натпревари забележала 13 победи.

„Задоволни сме од постигнатото и возбудени од она што следува. Важно е да се има континуитет на добри резултати. Јасно е дека сме задоволни“, рекол Лопетеги.

Шпанија во 2010 година ја освои светската титула, две години пота ја одбрани европската круна, а во 2014 на СП во Бразил доживеа дебакл и не успеа да ја мине групата.

На Светсктоо првенство во Русија, Шпанците се во Б-групата, заедно со Португалија, Иран и Мароко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП