25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОткриени детали за новиот телефон од средната класа на „Самсунг“

Откриени детали за новиот телефон од средната класа на „Самсунг“

За новиот телефон од средната класа на корејскиот производител, „галакси ј8“, како основа ќе послужи моделот „галакси A6+“, па може да се каже дека ќе претставува поевтина верзија од него. Продажбата на овој уред во Индија започнува по цена од 240 евра.

Во едноделното куќиште направено од поликарбонат е вграден 6-инчен супер амолед- екран со резолуија од 720p+.
Телефонот располага со процесор Snapdragon 450, напојуван од батерија од 3.500 mAh.

Системот со две задни камери се состои од главен сензор од 16 MP, со отвор на блендата f/1,7 и втор сензор од 5 MP со отвор на блендата f/1,9. Предната селфи-камера има сензор од 16 MP и сопствен блиц.

Што се однесува до меморијата, ќе постои само една верзија, со 4 GB RAM и 64 GB простор за складирање. Телефонот доаѓа со оперативен систем Android 8,0 Oreo. Продажбата на „галакси ј8“ ќе почне во јули годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП