21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтер со пресврт оди во Лигата на шампионите (видео)

Интер со пресврт оди во Лигата на шампионите (видео)

Во директен дуел кој одлучуваше која екипа следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, Интер го победи Лацио во Рим со 3:2 и го освои 4. место во Серија А.

Гостите од Милано до трите бода стигнаа со два гола во последните десетина минути, откако на полувреме Лацио водеше со 2:1.

На „лацијалите“ доволен им одговараше и нерешен резултат, но не издржаа до крај и пропуштија убава шанса да се пласираат во елитното натпреварување.

Покрај Интер од Италија следната сезона во ЛШ ќе играат шампионот Јувентус, Наполи и Рома.

Во Лигата на Европа ќе играат Лацио и Милан, а во квалификациите Аталанта.

Серија А ја напуштаат Кротоне, Верона и Беневенто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП