24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYouTube пушта нова услуга за стриминг на музика на 22-ри мај

YouTube пушта нова услуга за стриминг на музика на 22-ри мај

Од „YouTube“ објавија дека следната недела пуштаат нова услуга за стриминг на музика која се нарекува „YouTube Music“ и претставија премиум услуга за која ќе се плаќа повеќе, бидејќи ќе обезбеди пристап до оригинални содржини на компанијата.

„YouTube Music“, која ќе биде пуштена на 22-ри мај, ќе нуди дополнителни функции како персоналните плеј-листи врз основа на историјата на гледаните видео-содржини на „YouTube“ и други типови модели на употреба, објавија од „YouTube“, која е во сопственост на „Google“.

Од компанијата исто така информираа дека ќе го пуштат „YouTube Premium“, што практично ќе е обновената услуга „YouTube Red“ која функционира на принципот на претплата.

Новата верзија на „YouTube Music“, во која ќе има и реклами, ќе се нуди бесплатно, додека „YouTube Music Premium“ – платениот сервис каде што нема да се прикажуваат реклами, ќе чини 9,99 долари месечно, информираат од „YouTube“.

„YouTube“ планира да им наплаќа на потрошувачите повеќе од 2 долари за врвната услуга, бидејќи ги вклучува „YouTube Music“ заедно со оригиналната содржина на компанијата. „YouTube Premium“ ќе чини 11,99 долари месечно за сите нови членови.

Сите актуелни членови на „YouTube“ ќе продолжат да плаќаат иста цена за „YouTube Premium“.

„YouTube Music“ ќе биде објавена во САД, Австралија, Нов Зеланд, Мексико и Јужна Кореја во вторник. Во наредните недели, услугата ќе биде достапна и во други земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП