18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi Redmi 2S – смартфон за љубителите на „селфи“ (фото+видео)

Xiaomi Redmi 2S – смартфон за љубителите на „селфи“ (фото+видео)

Кон крајот на минатата недела, „Xiaomi“ го претстави својот најнов паметен телефон – „Redmi S2“. Според спецификациите може да се заклучи дека овој смартфон е наменет пред се за љубителите на „селфи“ фотографии, а потоа и за сите други.

„Redmi S2“ пристигна со 5,99-инчен „LCD“ екран со „HD+“ резолуција (1.440 x 720 пиксели). И додека страните на екранот се во популарниот 18:9 сооднос, овој пат (за среќа) го нема не толку популарниот колку од страната на производителот форсиран „notch“.

И додека се очекуваа три модели, на крајот пристигнаа само два. Го нема моделот со 2 GB RAM и 16 GB интерна меморија, кој и онака не беше потребен. Особено ако се земе во предвид главната намена на овој смартфон, снимањето на квалитетни видеозаписи и фотографии на корисниците ќе им биде потребен поголем простор за чување на истите.

„Redmi S2“ пристигна во конфигурација со 3 GB и 4 GB RAM, како и 32 GB и 64 GB внатрешна меморија. И двата уреди го користат процесорот „Snapdragon 625“. Доколку на корисниците вградениот простор за чување податоци не им е доволен, „Xiaomi“ обезбеди и поддршка за мемориска картичка (microSD).

Предната камера покрај тоа што има резолуција од 16 MP има и поддршка за „AI“ (вештачка интелегенција) и сопствен блиц (LED) кој треба да го подобри квалитетот на „селфи“ фотографии. На задната страна „Xiaomi“ не експериментираше па ги вгради истите камери кои се наоѓаат во „Redmi Note 5 Pro“ (12 MP + 5 MP), a кои имаат „EIS“(eлектронска стабилизација на сликата).

Покрај стандардниот скенер за отпечаток на прстот (на задната страна), производителот додаде и поддршка за „Face Unlock“. Капацитетот на батеријата е 3.080 mAh. Целиот хардвер во една целина го поврзува „MIUI 9.5“ кој се темели на најновата „Android“ платформа (Android 8.1 Oreo).

Димензиите на уредот се 160,7 x 77,3 x 8,1 милиметри, а тежи 170 грама. Купувачите можат да изберат помеѓу три бои на куќиштетот (алуминимуско) – „Rose Gold“, „Champagne Gold“ и „Platinum Silver“. Цените се движат околу 130 eвра (3 GB/32 GB) и 170 eвра (4 GB/64 GB).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП