16 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook укина 200 aпликации

Facebook укина 200 aпликации

„Facebook“ досега укина околу 200 апликации, во првиот чекор од ревизијата на апликациите кои имаат пристап до голема количина на кориснички податоци, како одговор на скандалот во кој се наоѓа политичката консултантска компанија „Cambridge Analytics“.

Апликациите се укинати во рамките на деталната истрага за тоа дали со помош на нив може да се злоупотребат податоците на корисниците, изјави потпретседателот на „Facebook“, Име Арчибонг.

Компанијата објави дека досега извршила анализа на илјада апликации во рамките на истрагата која на 21-ви март ја наложи извршниот директор Марк Цукерберг.

Основачот на најголемата друштвена мрежа во светот тогаш изјави дека ќе бидат прегледани сите апликации кои имале пристап до големата количина на информации, пред компанијата да им го ограничи пристапот во 2014-та година.

„Facebook“ ја загуби довербата кај корисниците, оние кои се рекламираат, вработените и инвеститорите, откако призна дека податоците на околу 87 милиони луѓе, повеќето во САД, дојдоа во рацете на компанијата „Cambridge Analytics“ која ги искористила во политички кампањи.

По избувнување на скандалот, во Америка и во Европа се отворени неколку официјални истраги, а Цукерберг неколку пати се извини поради кршењето на приватноста на корисниците на најголемата друштвена мрежа во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП