19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПознат датумот на кој интернетот ќе ја загуби својата неутралност

Познат датумот на кој интернетот ќе ја загуби својата неутралност

Правилата што гарантираат дека интернетот е слободен и отворен за сите, познати како нет неутралност, официјално ќе престанат да важат на 11 јуни. Датумот за егзекуција на неутралноста на голобалната мрежа се појави во извештајот издаден од Федералната комисија за комуникации на САД.

За ставање крај на постоењето на неутралноста на интернетот гласеле три члена (од вкупно пет) на Федералната комисија за комуникации во декември 2017.

Отстранувањето на неутралноста ќе им овозможи на телекомуникациските компании да контролираат кои интернет-содржини ќе им бидат достапни на корисниците, како и брзината со која ќе може да се пристапи кон истите. Противниците на неутралноста на интернетот сметаат дека глобалната мрежа треба да се третира како сервис, односно да се наплаќа како како струја или вода. По 11 јуни, интернет-провајдерите ќе имаат моќ да ги спречат луѓето да пристапуваат до одредени интернет-страници и да ја ограничуваат брзината на интернетот.

Позитивната работа е тоа што провајдерите ќе мора однапред да ги обелоденат сите ограничувања, така што корисниците ќе имаат доволно информации врз основа на кои ќе може да формираат став дали и натаму би сакале да ги користат таквите услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП