10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБуфон ќе биде казнет за скандалот во Мадрид

Буфон ќе биде казнет за скандалот во Мадрид

Џанлуиџи Буфон ќе одговара пред дисциплинската комисија на УЕФА по неговиот црвен картон и конфликтот со судијата Мајкл Оливер во второто четврт-финале со Реал Мадрид.

На „Сантијаго Бернабеу“, Јувентус имаа 3:0 водство, со што ја елиминираа предноста на Реал, но Мехди Бенатија го фаулира Лукас Васкез во шестнасетникот во последните минути по што судијата Оливер реши да додели пенал.

Буфон агресивно реагира и доби директен црвен картон по што по крајот на мечот изјави дека Англичанецот има канта за ѓубре наместо срце. Случајот на Буфон ќе биде разгледуван на 31 мај.

Буфон го предводеше Јувентус до титула во Копа Италија, а овој викенд тимот на Масимилијано Алегри ќе ја обезбеди и седмата титула во Серија А. 40-годишниот голман најави дека ќе се пензионира на крајот на сезоната, но беше дел од италијанската репрезентација во пријателскиот меч со Аргентина во март и останува да се види неговата конечна одлука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП