23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер јунајтед е највреден бренд на светот!

Манчестер јунајтед е највреден бренд на светот!

„Дејлимејл“ пишува дека Манчестер јунајтед е највредниот бренд во светот на фудбалот според извештајот на „Бренд финанс“.

Истражувањето покажува дека клубот од „Олд Трафорд“ вреди неверојатни 1.357 милиони фунти, односно 404 милиони фунти повеќе од Манчестер сити, кој е втор највреден клуб во Англија.

На второто и третото место на светската листа се наоѓаат Реал Мадрид со 1.127 милиони фунти и Барселона со 1.082 милиони фунти, додека германски Баерн Михен е четвртти со 1.007 милиони.

Останатите клубови помеѓу најдобрите десет се од Англија, освен ПСЖ, кој се наоѓа на деветата позиција со вредност од 654 милиони фунти.

Манчестер сити се наоѓа на шесттата позиција со вредност од 953 милиони фунти додека зад нив е Ливерпул со 862 милиони. Зад нив следи Челси со 856 милиони, а Арсенал (776 милиони) и Тотнем (548), се наоѓаат на осмото, односно десеттото место.

„Бренд финанс“ ја истражуваше и популарноста на клубовите во одредени земј. Јунајтед беше најпопуларен во Индија додека Барселона во Каталонија. Во Кина најмногу публика има Гвангжу Евергранде.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП