16 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFinney е премиум телефон кој ги чува вашите тешко заработени криптовалути

Finney е премиум телефон кој ги чува вашите тешко заработени криптовалути

Кон крајот на минатата година, „Sirin Labs“ започна кампања за собирање на средства за тоа што го нарече „првиот светски „blockchain“ телефон“.

Уредот се нарекува „Finney“, по Хал Фини неодамна починатиот инвеститор во Биткоин, а се очекува да се појави во текот на оваа година. Тоа што е интересно, телефонот го карактеризираат спецификации кои главно би се очекувале од актуелните премиум модели.

„Finney“ користи чипсет „Snapdragon 845“, заедно со 6GB RAM и 128GB простор за складирање. На задната страна се наоѓа 12MP f/1.8 камера со ласерски автофокус, додека на предната е има 8MP f/2.2 камера со агол од 85 степени. На предната страна се наоѓа и сензор за отпечаток на прстот, додека екранот е со големина од 6 инчи, има 18:9 oднос на страните и 402 PPI.

Смартфонот користи батерија од 3000mAh, a тука се и вообичаените карактеристики, како што се „GSM“ и „LTE“, 802.11 a/b/g/n/ac 2×2 MIMO WiFi, NFC A и B, Bluetooth 5.0 и тоа што компанијата го нарекува „ултра-безбеден“ сензор за отпечаток на прстот.

Нормално, основна карактеристика на телефонот, со која уредот цели на одредена публика на пазарот е вградениот „cold storage“ паричник, кој овозможува складирање на различни криптовалути. Извори потенцираат дека паричникот во целост не е поврзан со остатокот од телефонот кога не се користи и се активира само со притискање на одреден тастер. Нема информации за тоа кои специфични криптовалути ќе ги чува телефонот „Finney“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП