18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо 2019-та Apple ќе претстави iPhone со три камери на задната страна?

Во 2019-та Apple ќе претстави iPhone со три камери на задната страна?

„Apple“ во 2019-та година најверојатно ќе претстави најмалку еден модел на „iPhone“ со тројна камера на задната страна, пишува „Taipei Times“.

Весникот го цитира извештајот на компанијата „Yuanta Securities“, која наведува дека „Apple“ би можел да престави телефон со три камери на задната страна од 12 мегапиксели, и оптичка стабилизација на сликата – опција која допринесува за создавање на квалитетна фотографија.

„Yuanta Securities“ дојде до овој заклучок по разговорот со снабдувачот на „Apple“, „Largan Precision“, која произведува леќи за смартфоните на технолошкиот гигант.

Моменталните модели, „iPhone X“ и „iPhone 8 Plus“ се достапни на пазарот со двојна камера од 12 мегапиксели на задниот дел.

Ова не е прв извештај кој укажува на тоа дека „Apple“ размислува за системот на тројна камера.

„Taiwan’s Economic Daily News“ соопшти минатиот месец дека компанијата работи на телефон со три задни камери од 12 мегапиксели, кој е подговен за 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП